На оваа престижна меѓународна спортска манифестација којашто по 38-ми пат се одржа во Охрид во женска конкуренција победничка е Мајте Ајлен Пука, додека победници во машка конкуренција се Матео Фурлан, Федерико Тамборино и Матијас Дијас Хернандес.
Сиљановска-Давкова им честиташе на победниците и на сите учесници на маратонот, изразувајќи им признание за издржливоста, посветеноста и спортскиот дух.
Таа им посака добро здравје и нови спортски успеси.
На патеката „Климе Савин“, годинава се натпреваруваа 16 пливачи од шест држави: десет во машка и шест во женска конкуренција, меѓу кои, четворица македонски натпреварувачи.







