петок, 3 април 2026

Силекс убедлив против Шкупи, Брера до многу важни бодови против Арсими

Фудбалерите на Силекс и Брера Струмица забележаа победи во рамките на 25. коло на ПМФЛ.

Објавено на

часот

Сподели

Силекс демонстрираше моќ и со убедлива победа од 6-0 против Шкупи.

Кратовчани уште од самиот старт покажаа дека се решени да го решат прашањето на победникот. Ади Алиќ го отвори резултатот во петтата минута, а само пет минути подоцна Мигел Пиреш зголеми на 2-0. До паузата Силекс веќе имаше сигурна предност од 3-0, откако Мартин Мирчевски беше прецизен од белата точка.

Во второто полувреме домаќините продолжија во ист ритам. Едис Бутуровиќ погоди за 4-0 во 58. минута, по што Ангелески реализираше пенал за 5-0. Конечниот резултат го постави Донов во 71. минута, комплетирајќи ја убедливата партија на Силекс.

Брера славеше против Арсими со 2-1 со пресврт и впиша многу важни бодови во трката за опстанок. Гостите поведоа уште во третата минута преку Маркел Гони, но Филип Михаилов брзо израмни на 1-1. Победата за домаќинот ја донесе Леонардо Петровиќ со гол во 79. минута.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ