Домаќинот на „Градскиот стадион“ во Струга поведе со голот на Марјан Радески во 22 минута од натпреварот, откако Компаоре му даде супер-асистенција со пета. Овој резултат беше активен и на полувремето (1-0).
По само седум минути игра во вториот дел Ади Алиќ успеа да го врати тостинот од Кратово до егал (1-1). Сепак, Струга набргу го врати водството со голот на Басиру Компаоре по еден час игра.
Во завршните десетина минути Силекс успеа да направи подвиг. Кратовци притиснаа и прво преку Марко Николовски израмнија на 2-2 во 81 минута, а три подоцна по еден корнер погоди Мигел Пиреш за конечните 2-3.
Од овој резултат најмногу профитираа Вардар и Шкендија, бидејќи Струга сега падна на третото место со 41 бод, а Силекс со 35 пријде кон водечката тројка.






