недела, 14 декември 2025

Силекс со пирова победа се збогува од Европа (ВИДЕО)

Силекс со пресврт го совлада Дечиќ со 2-1, овој триумф за кратовци не донесе многу бидејќи во Црна Гора македонскиот тим загуби со 2-0 и со вкупни 2-3 е елиминиран од првото квалификациско коло во Конференциската лига.

Објавено на

часот

Сподели

Дечиќ поведе со гол на Стриковиќ уште во третата минута од натпреварот.

По примениот гол Силекс тргна офанзивно по израмнување и тоа се случи во 28. минута кога Алиќ постигна гол за 1-1. Тоа беше и резултатот од првото полувреме.

Во 80. минута Хрвановиќ даде гол за комплетен пресврт и водство на Силекс од 2-1.

Имаше време и за трет гол кој ќе го однесеше мечот во продолженија, но тоа не се случи, па Силекс доживеа елиминација.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ