вторник, 7 април 2026

Силекс сигурно слави во Кавадарци, реми без голови на Башкими и Брера

Во Првата македонска фудбалска лига се одиграа два натпревари на стартот на 26. коло.

Објавено на

часот

Сподели

Силекс одигра сигурен натпревар во Кавадарци и со убедливи 0-3 славеше против Тиквеш.

Гостите рано ја презедоа иницијативата и поведоа преку Мигел Пиреш, кој погоди со глава по корнерот на Мартин Мирчевски. До паузата предноста беше зголемена откако Ади Алиќ реализираше за 0-2.

Во продолжението Силекс ја контролираше играта, а конечните 0-3 ги постави резервистот Кристијан Велиновски со ефектен погодок во завршницата.

Во вториот натпревар од денешната програма, Башкими и Брера ремизираа без голови, 0-0.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ