среда, 25 февруари 2026

Силекс лесно го мина Детонит на патот до полуфиналето во Купот на Македонија

Силекс не дозволи ново изненадување во македонскиот фудбалски куп, кратовскиот тим со 3-0 го совлада Детонит Плачковица и се пласираше меѓу најдобрите четири.

Објавено на

часот

Сподели

Кратовчани не дозволија уште еден второлигаш да се пласира во полуфиналето откако вчера тоа го направија Охрид и Шкендија Арачиново.

Силекс беше подобар противник и заслужено дојде до убедлива победа.

Резултатот го отвори Додев кој постигна гол во 30. минута за водство на Силекс од 1-0. СО тој резултат се замина на одморот.

Ангелески во 63. минута ја дуплираше предноста на Силекс, а седум минути подоцна Мигуел Пиреш ги постави конечните 3-0.

Во полуфиналето Силекс ќе игра против Охрид кој синоќа го исфрли Вардар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ