30 годишниот Павел Давидович минатото лето се реши за авантура во Саудиска Арабија и потпиша за Ал Хазем.
И покрај тоа што имаше богата двегодишна соработка, тој по месец дена си ги спакувал куферите и заминал од Саудиска Арабија.
„Имав понуди и од Серија А, но сакав да искусам нешто поинакво“ – вели Полјакот, кој седум години беше член на Верона.
„Добив интересна понуда од Саудиска Арабија, бев таму на подготоки. Потоа дојде моето семејство, имам мало дете и бремена сопруга. Но престојот таму беше навистина тежок поради неколку причини“.
„Морав сопругата да ја носам речиси секој ден на прегледи во болница и никој не знаеше англиски, можеби само тројца во целиот град“.
„Исто така, на жените не им е дозволено да излегуваат без маж. И плус мора да бидат целосно покриени, само очите да им се гледаат“.
„Барав одредени олеснувања, но не наидов на слух, па ми дојде преку глава и решив дека има многу поважни работи од фудбалот, како на пример моето семејство“.
„Едноставно не вредат парите“.
ФОТО: EPA






