вторник, 15 јули 2025

Шверцери протестираат во Скопје затоа што не ги пуштија на мечот Албанија-Србија (ФОТО)

Навивачката група на Шкупи, Шверцери низ улиците на Скопје го искажуваат револтот против Фудбалската федерација на Албанија која не им даде билети за мечот на оваа репрезентација против Србија.

Објавено на

часот

Сподели

Вечерва во Тирана, Албанија ја пречекува Србија во меч од квалификациите за Светското првенство во фудбал.

Навивачката група Шверцери побараа билети за овој меч од Фудбалската федерација на Албанија, но не добија.

Натпреварот е прогласен за меч од висок ризик, па од Албанија решија не само Шверцери, туку билети да не добијат ниту ултрас групите на екипите од Албанија.

Шверцери го кренаа гласот против ваквата одлука и најавија протест кој се случува денеска, тие почнаа марш од Чаир кој треба да заврши на плоштадот „Скендербег“.

„Сакаат да не поделат, но не можат тоа да го направат со билети, правила и наредби. Ние сме глас на трибината кој никогаш не запира. Ние сме ‘Шверцери’, црвено-црни. Или си со нацијата или си против неа“, соопштија од групата Шверцери.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ