Навивачите се појавиле на тренингот и директно го прекинале, поради, како што велат, лажните ветувања и манипулациите од управата на клубот.
Според нив, во Шкупи владее тотално непочитување кон навивачката база, нема транспарентност, нема дијалог, а клубот се оддалечува од вредностите што треба да ги претставува. Во соопштението што го објавија, „Шверцери“ порачаа:
„Денеска Шверцери го прекинаа тренингот на ФК Шкупи!
Причина? Неискреноста и бескрајните измами од раководството на клубот!
Празни ветувања, одложени средби и тотално непочитување кон оние што го одржаа клубот во живот – Шверцери!
Ние не сме гледачи, ние сме вистинскиот глас на Скопје!
Нема фудбал без почит кон трибините!
Додека нема искреност и транспарентност, ништо нема да функционира нормално.
Не ја тестирајте нашата трпеливост, затоа што историјата покажа кој одлучува во овој град…
ФК Шкупи припаѓа на скопјани, а не на измамници!“.
Од клубот сè уште нема официјална реакција по денешниот инцидент, но атмосферата околу тимот е далеку од идеална на само неколку недели пред стартот на новата сезона.






