недела, 14 декември 2025

„Шверцери“ дојдоа во Тетово, истакнаа два транспаренти и си заминаа! (ВИДЕО)

Навивачката група на Шкупи, „Шверцери“ на дербито во Тетово против Шкендија го искажа револтот против управата на клубот за последните случувања.

Објавено на

часот

Сподели

Во изминатиот период Шкупи се поврзува со низа скандали, местени натпревари, сомнителни засилувања, нередовни исплати… навивачите на различани начини го искажуваат револтот против управата, тоа го направија и денеска.

Навивачката група „Шверцери“ допатува во Шкендија за да истакне два транспаренти против управата и си заминаа.

„Ви верувавме на зборовите, ни продадовте лаги. Шкупи не е место за измамници“, гласи пораката.

Шкупи го загуби мечот со 5-1, а на натпреварот дојде само со четири замени од кои двајца беа голмани.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ