среда, 21 јануари 2026

Шведска го доби дербито со Хрватска и од првото место оди во главната група на ЕП

Ракометарите на Шведска убедливо славеа во дербито на групата против Хрватска (33-25) и од првата позиција одат во главната фаза на Европското првенство.

Објавено на

часот

Сподели

Домашната селекција во Малме го надигра светскиот вицепрвак. Уште од стартот Швеѓаните наметнаа темпо и до крајот го диктираа и рутински чекореа до победата. Немаа сили Хрватите за изненадувае против еден од трите домаќини на овој шампионат.

Сепак, двете селекции одат заедно во главната фаза.

Холандија го заврши турнирот со победа над Грузија од 31-26, но тоа беше доволно само за третото место во групата

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ