Штип мечот го доби со максимални 3-0 (25-18, 25-23, 25-16), а потоа се играше „златен сет“ кој му припадна на македонскиот тим со 15-8, победата беше комплетирана.
Штипјани првиот меч од Кол го загубија со 1-3, но синоќа во салата „25 Мај“ во Радовиш приказната беше поинаква. Македонскиот тим одигра мотивирано, дисциплинирано и дојде до големата победа.
Стојан Илиев беше најефикасен со 22 поени, следен од Махди Задмард, кој реализираше 15 поени, Стојче Арсов имаше 11, Михајло Мирасчиев 10 и Леандро Оливеира шест поени.
Следен предизвик за Штип УГД во главната рунда од Челинџ купот ќе биде италијанскиот тим Милано.






