понеделник, 29 декември 2025

Штип УГД ќе презими како лидер, дефиниран е плеј-оф и плеј-аут изгледот на Првата лига

Одбојкарските клубови се на зимска пауза откако минатиот викенд беше комплетиран првиот дел од сезоната.

Објавено на

часот

Сподели

Нема непоразни, а најмногу бодови собра Штуп УГД кој зимата ќе ја мине како лидер. Втора е Струмица која на Штип му го нанесе единствениот пораз досега.

Покрај овие два клуба, во плеј-офот ќе играат уште и Работнички, Борец, Универзитет Тетови и Сушево.

Во плеј-аут фазата ќе разигруваат Лирија, Шкендија, Македонија Џио, Весна Пробиштип, Јанта Волеј и Скопје.

Според пропозициите по завршувањето на првиот дел од сезоната (лига-фазата) првите шест пласирани екипи играат во плеј-оф пренесувајќи ги бодовите од првиот дел. Се игра двокружно „секој со секого“ и потоа првите четири екипи обезбедуваат пласман во полуфиналето на плеј-офот и ќе разигруваат за битка за шампионската титула.

Екипите кои во есенскиот дел ќе се пласираат од 7. до 12. место ќе ги пренесат бодовите од првиот дел и ќе разигруваат во плеј-аут фазата. Ќе се натпреваруваат двокружно (дома-гости), а по завршувањето на натпреварите се добива конечниот пласман во првенството.

Вториот дел од првенството за мажите стартува на 24 јануари 2026 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ