Струмица влезе со силен мотив да го победи фаворизираниот Штип, но не успеаа да му го „украдат“ трофејот.
Сите сетови се играа рамноправно, со голема борба на двете страни и атрактивни поени. Истовремено имаше и многу технички грешки и на двете страни, пред се на сервис. На крајот одлучи она што е карактеристика за куп натпреварувањето, моменталната инспирација.
Штип УГД го предводеше организаторот на играта, Давид Стојанов, кој беше прогласен за најкорисен играч на завршницата на Купот на ОФМ 2025.