Работнички го доби првиот сет со 25-22, но потоа следеше одлична серија на Штип УГД кој ги доби наредните три сетови со 25-10, 25-14 и 25-12.
Борец Велес тргна лошо и го загуби првиот сет од Струмица со 21-25, но потоа славеше со 25-16, 25-19 и 25-20.
Реваншите од полуфиналната серија меѓу тимовите во машка конкуренција се играат в сабота.
Претходно во четвртфиналето во женска конкуренција, Младост УГД славеше со 3-0 во сетови, односно 25-19, 25-19 и 25-15 против Вардар ЕМ.






