четврток, 19 февруари 2026

Шпанскиот селектор на Македонија го објави првиот список за дуелите со Луксембург и Азербејџан

Селекторот на машката сениорска репрезентација, Жозеп Мариа Берокал, го објави списокот на кошаркари на кои ќе смета за претстојните натпревари од вториот ФИБА прозорец од претквалификациите за Евробаскет 2029.

Фото: Кошаркарска федерација на Македонија

Објавено на

часот

Сподели

За дуелите од претквалификациите, со селекциите на Луксембург (во Скопје) и Азербејџан (во Баку), новиот предводник на сениорскиот национален тим ќе смета на 16 кошаркари.

  • Список на повикани кошаркари за Македонија:

Војдан Стојановски – МЗТ Скопје Аеродром
Андреј Магдевски – МЗТ Скопје Аеродром
Марин Петков – МЗТ Скопје Аеродром
Андреј Маслинко – МЗТ Скопје Аеродром
Стојан Ѓуроски – МКК Куманово
Виктор Ефремовски – Работнички
Андреј Митревски – Пелистер
Лука Стојановски – Пелистер
Теодор Симиќ – Кожув
Виктор Ташовски – ТФТ Скопје
Амар Хот – Маџари 2023
Адем Мекиќ – Бора, Косово
Ваљмир Какруки – Сигал Приштина, Косово
Лејсон Зеќири – Башкими, Косово
Андреј Јакимовски – Тренто, Италија
Итан Хап – Сан Пабло Бургос, Шпанија

Нашата селекција на 27 февруари ќе ја дочека репрезентацијата на Луксембург во Скопје, додека на 2 март му гостува на Азербејџан.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ