Во денешното финале тие ја победија Унгарија со 15-13. Со овој трофеј тие се израмнија со Унгарија и Италија на врвот како најтрофејни селекции на светските првенства со по четири титули.
Денеска клучна беше последната четвртина во која Унгарија влезе со предност од 10-9, но Шпанците одиграа најдобро кога требаше, го свртеа резултатот и дојдоа до победа од 15-13.
Кај Шпанците најдобри беа Гранадос и Санахуја кои постигнаа 10 од 15 голови. Одличен беше и голманот Агире кој имаше фантастична последна четвртина.
Претходно Грција со 16-7 ја декласираше Србија во мечот за третото место.
фото: EPA photo






