четврток, 19 март 2026

Шоу на Дончиќ и Леброн, Лејкерс за два дена двапати го победи Хјустон (ВИДЕО)

Лос Анџелес Лејкерс и Хјустон Рокетс играа два меча по ред во Тексас, двата ги добија езерџиите, овојпат триумфираа со 124-116, повторно брилијантна партија имаше Лука Дончиќ, а овојпат му се приклучи и Леброн Џејмс.

Објавено на

часот

Сподели

Хјустон со предност влезе во последната четвртина, домаќините водеа со 92-89, но Лејкерс одиграа многу подобро во последните 12 минути и на крајот дојдоа до сигурна победа од 124-116.

На Дончиќ му недостасуваше само еден скок за трипл-дабл, постигна 40 поени, имаше 10 асистенции и девет скокови, Леброн Џејмс постигна 30 поени. Најдобар кај Хјустон беше Шенгун со 27 поени и 10 асистенции.

За Лејкерс ова беше седма победа по ред, тимот игра во одлична форма во овој момент.

Резултати:

Бостон – Голден стејт 120-99
Бруклин – Оклахома 92-121
Индијана – Портланд 119-127
Чикаго – Торонто 109-139
Минесота – Јута 147-111
Њу Орлеанс – ЛА Клиперс 124-109
Далас – Атланта 120-135
Мемфис – Денвер 125-118
Хјустон – ЛА Лејкерс

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ