понеделник, 15 декември 2025

Шокантни сцени во Србија: Македонски судија среде меч е давен и тепан пред деца (ВИДЕО)

Тежок скандал се случи во Златибор, Србија, каде во финален меч од Европско младинско првенство во бокс е нападнат македонскиот судија Стефан Цубалевски од страна на тренер од Азербејџан.

Објавено на

часот

Сподели

Инцидентот се случи во меч од категоријата до 75 килограми меѓу Јусуф Агакишијев од Азербејџан и Виктор Мајсторовиќ од Србија.

Цубалевски најпрво вербално бил навредуван од Азербејџанецот кој потоа влезе во рингот и го фати македонскиот судија за вратот и почна да го удира.

Сето ова се случуваше пред полни трибини со деца кои беа учесници на настанот или само гледачи.

Мечот веднаш беше прекинат, боксерот од Азербејџан дисквалификуван, златниот медал го освои Виктор Мајсторовиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ