петок, 30 мај 2025

Шкупи потпиша соработка со инвеститор од Дубаи

Шкупи денеска склучи голем договор за соработка со „Кралскиот деловен совет“, влијателна институција од Обединетите Арапски Емирати која работи под покровителство на кралските семејства од Заливот.

Објавено на

часот

Сподели

Соработката, потпишана од претседателот на Советот, д-р Сулејман Ташчи и првиот човек на Шкупи, Јасин Коњали, носи визија за развој на клубот на меѓународно ниво, но и за изградба на професионална академија во Скопје според европски стандарди.

Проектот предвидува заедничка едукација на тренери, стипендии и размени за млади фудбалери со академии и универзитети од Емиратите, Катар и Саудиска Арабија, како и воспоставување партнерства со клубови од Европа и Блискиот Исток.

„Ова не е само договор, туку долгорочна стратегија за градење нова генерација фудбалски ѕвезди од Балканот“, изјави Ташчи, додека Коњали истакна дека Шкупи официјално влегува во нова ера на професионализам.

Покрај спортот, „Кралскиот деловен совет“ најави и дополнителни инвестиции во Македонија во сферата на образованието и економијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ