На 30 јули требаше да се игра меч меѓу Шкупи и Арсими, но не се одигра откако противникот на чаирскиот тим дознал дека има големи уплати за пораз на клубот од Чаир со пет или повеќе разлика.
Поради сомнежите кои ги имаат Арсими одбија да настапат, а потоа навивачката група на Шкупи, „Шверцери“ излезе со обвинувања против поранешни и сегашни функционери на клубот за местење на натпревари и користење на клубот за личен профит.
Навивачите на Шкупи алармираа дека клубот ќе замине во Турција каде ќе одигра сомнителен натпревар и побараа реакција од институциите, но и покрај тоа клубот очигледно ја остварил мисијата.
Шкупи загуби со 6-1 од Анталијаспор, мечот заврши и „седум плус“ и чаирскиот клуб загуби со пет голови разлика. Наводно големи суми биле уплаќани на Далечниот Исток.
Како дел од сомнежот дека мечот не е чист се и информациите дека Шкупи во Анталија однел само 14 фудбалери кои патувале во три одделни групи.
По сите овие сомнителени околности, Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) отвори постапка против Шкупи, а ако се соберат доволно докази ќе се вклучат и државните институции, нешто што го бараа навивачите на Шкупи.
Летово и преодниот рок на Шкупи е сомнителен, во клубот пристигнаа повеќе играчи од германски нисколигаши, што предизвика незадоволсто кај навивачите на чаирскиот тим.






