понеделник, 8 декември 2025

Шкупи нема пријавено 15 фудбалери, неизвесно е дали ќе ја почне сезоната

Во Шкупи владее хаос, последниот од низата проблеми е дека немаат регистрирано доволен број на фудбалери за да ја почнат новата сезона која стартува во петок.

Објавено на

часот

Сподели

Шкупи на гостински терен кај Шкендија во петок од 17 часот ја отвора новата сезона во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), но како што јавуваат албанските медиуми, неизвесно е дали таа воопшто и ќе почне за чаирскиот тим.

Наводно, Шкупи уште нема пријавено 15 фудбалери за новата сезона, а тоа е минималниот број на играчи кои треба да ги пријави.

Ова е само еден од низата проблеми со кои се соочува клубот. Шкупи претходно беше обвинет за местење натпревари, денеска дојде информацијата дека не може да играат на домашен терен бидејќи нивниот стадион е единствениот кој не ги исполнил условите за ВАР, навивачите се гневни на управата која промовираше и повеќе сомнителни засилувања од ниски лиги.

И покрај сите проблеми, Шкупи преку социјалните мрежи го најавува мечот со Шкендија. Тие имаат рок од 24 часа да го завршат административните работи и да пријават доволен број на играчи, во спротивно може да бидат исфрлени од лигата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ