Младиот босански стратег почина среде натпревар, му се слоши, беше пренесен во болница, но докторите не успеаа да го спасат.
Денеска се огласи и Шкупи со емотивна порака.
„Со длабока тага се збогуваме од нашиот поранешен тренер Младен Жижовиќ. Твојата посветеност, страст и лидерство секогаш ќе останат во нашите сеќавања. Засекогаш си дел од нашата историја“, објави Шкупи.
Жижовиќ дојде во чаирскиот клуб на 9 септември 2023 година, како наследник на Џихат Арслан и остана до 18 април 2024 година. во тој период го водеше Шкупи на 21 натпревар, остварувајќи 13 победи, шест нерешени резултати и само два пораза.






