недела, 14 декември 2025

Шкупи е пред распаѓање, проблемите наместо да се решаваат, тие се зголемуваат

Шкупи е во центарот на вниманието на македонската фудбалска јавност поради хаосот што владее во чаирскиот клуб, а кој почна уште од минатата сезона, кулиминацијата би можела да се случи со распаѓање на клубот.

Објавено на

часот

Сподели

Чаирчани некако собраа играчи да го одиграат мечот од првото коло против Шкендија во Тетово, загубија со 5-1, на клупата имаа само четворица фудбалери од кои два голмани.

Последните информации велат дека во меѓувреме дел од странците си заминале како слободни играчи. Емануел Аворнио и Клемен Ансах од Гана, како и Ел Хаџи Геје од Сенегал го напуштиле клубот.

Дека Шкупи едвај создаде тим за мечот со Шкендија говори и фактот што играа со седум младинци, а го немаше ниту тренерот Бобан Бабунски кој летово беше промовиран во стратег на чаирскиот тим. Причината за неговото отсуство не беше соопштена, а тимот го водеше Умит Шахин.

Шкупи до овој момент има регистрирано само десет фудбалери, а минимумот е 15. Во првото коло им беше прогледано низ прсти од страна на ФФМ, но нема знаци дека клубот по првата опомена почнал да се средува и да ги решава проблемите.

Актуелните газди откако го преземаа клубот направија повеќе сомнителни активности. Беа обвинети за местење на натпревари, носеа чудни засилувања од странски нисколигаши, го навлекоа револтот на навивачите на Шкупи.

Ситуацијата не се решава, проблемите се зголемуваат, па доколку нешто брзо не се промени, се прогнозира распад на клубот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ