По мирното прво полувреме без вистински возбудувања, продолжението донесе луд тек на случувањата. Шкупи експресно стигна до водство од 0-2 со два удари од далечина, најпрво преку Зибери во 49. минута, а потоа и Чајани само две минути подоцна кои дадоа ефектни голови.
Кога се чинеше дека чаирчани се на прагот на првата сезонска победа, натпреварот доби неочекуван правец. Башкими остана со играч помалку во 72. минута по исклучувањето на Ори, но токму тогаш започна нивниот налет. Личина намали по корнер, а веднаш потоа Ферати си постигна автогол за 2-2. Комплетниот пресврт го донесе Рибеиро во 88. минута, додека негов втор погодок во судиското продолжение беше поништен поради офсајд.
Башкими има 35 бода на шестата позиција и котира над опасната зона, додека веќе прежалениот Шкупи е на дното само со бод.






