четврток, 19 февруари 2026

Шкендија загуби од Самсунспор во Скопје, тетовскиот тим е пред елиминација (ВИДЕО)

Шкендија ја загуби првата битка од плејофот во Конференциската лига против Самсунспор, турскиот тим од Скопје си замина со победа од 1-0 и направи крупен чекор кон следната рунда.

Фото: Самсунспор

Објавено на

часот

Сподели

Актуелниот македонски шампион, екипата на Шкендија беше надиграна на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, Самсунспор доминираше во текот на целиот натпревар, а тетовчани може да бидат задоволни што имаат негатива од само еден гол.

Самсунспор пропушти шанса рано да поведе, добија пенал уште во седмата минута, но нивната главна ѕвезда, Ндиаје биеше високо над голот.

Турците на крилјата на навивачите кои ги имаа во поголем број, продолжија да притискаат, но Шкендија ги одбиваше нападите.

Македонскиот тим одолеваше до 77. минута кога по одличен центаршут на Холсе, Мариус ја смести топката во мрежата на Шкендија за водство на Самсунспор од 1-0.

Гостите беа поактивни и по дадениот гол, напаѓаа и за втор погодок, но резултатот остана непроменет.

Реваншот во Турција се игра на 26. февруари со почеток од 18:45 часот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ