Тетовскиот клуб го загуби мечот кој се играше во Скопје, Самсунспор си замина со победа од 1-0.
Турскиот клуб и според играта беше подобар, па би било големо изненадување ако Шкендија слави утре, но тренерот Беќири верува во своите фудбалери.
„Нормално дека сакаме успех, но мора да сме на највисоко ниво. Самсунспор е силен тим, меѓутоа верувам дека и ние ќе бидеме подобри утре. Ќе направиме се што е во наша моќ. Првиот натпревар за нас беше тежок, утре ќе играме подефанзивно, а ќе се обидеме и да го наметнеме нашиот ритам. Противникот го анализиравме и ќе се бориме“, порача Беќири.
Мечот меѓу Самсунспор и Шкендија се игра утре (четврток) од 18:45 часот.






