недела, 14 декември 2025

Шкендија вечерва во Шпанија го почнува историскиот настап во Конференциската лига

Актуелниот фудбалски шампион на Македонија, Шкендија вечерва со почеток од 18:45 му гостува на Рајо Ваљекано во меч од првото коло од Конференциската лига.

Објавено на

часот

Сподели

кендија го започнува својот историски настап во главната фаза од европско натпреварување, во случајов Конференциската лига која е трета по ранг на скалата на УЕФА.

Првиот противник за Шкендија е и најатрактивниот од оние кои ги доби. Шпанскиот тим Рајо Ваљекано.

Рајо кој е поранешен тим на нашиот Столе Димитриевски е голем фаворит иако не ја стартуваше сезоната онака како што сака, по седум одиграни кола во Ла Лига има само една победа.

Шкендија оваа сезона покажа зрелост во настапите во Европа и сосема заслужено се најде онаму каде што е, но вистинскиот тест допрва доаѓа.

„Ни претстои важен натпревар за нас како клуб, како стручен штаб, како фудбалери и за сите кои се вклучени во Шкендија. Овој меч е историски во однос на нашето деби во Конференциската лига, а и затоа што ќе играме против екипа од еден многу респектиран шампионат. Рајо Ваљекано има многу квалитетни играчи и би сакал да ги почитувам сите. Што се однесува до тимот, тие се агресивни, играат модерен фудбал и атмосферата што се создава овде на стадионот секогаш е извонредна. За нас е важно да играме добро, да се обидеме да го дадеме максимумот. Вистина е дека не играме секој против екипа од Ла Лига, која според мене е најсилна лига во светот“, изјави тренерот Беќири на вчерашната прес-конференција.

Според најавите од Шпанија, Шкендија на овој меч ќе има поддршка од околу 200 свои навивачи.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ