недела, 14 декември 2025

Шкендија со убедлива победа над Шкупи ја отвори новата сезона во ПМФЛ

Стартуваше новата сезона во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), во првиот натпревар актуелниот шампион Шкендија во Тетово го победи Шкупи со убедливи 5-1.

Објавено на

часот

Сподели

Овој меч требаше да биде дерби според имињата на клубовите, но Шкупи се соочува со низа проблеми поради сомнителното раководство и денеска беше лесен плен за Шкендија.

Тетовскиот тим поведе уште во осмата минута со убав гол на Флорент Рамадани од далечина. Шкупи успеа да се врати во мечот со погодок на Малик Хајвали.

Брзо потоа Шкупи остана со играч помалку откако Рустеми заработи втор жолт картон. Шкендија веднаш казни и во 21 минута поведе со 2-1 со погодок на Зејнулаи. Тоа беше резултатот од првото полувреме.

Во вториот дел Бесарт Ибраими на брзина даде два гола за водство на Шкендија од 4-1. Конечните 5-1 ги постави Латифи во финишот од мечот.

На натпреварот дојде и навивачката група Шверцери кои само истакнаа транспарент против Управата на Шкупи и си заминаа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ