Шкендија се држеше до 53. минута, дотогаш траеше и надежта дека може да се дојде до победа, но работите ги промени еден пенал.
Во 53. минута Нчам реализираше од белата точка за водство на Самсун од 1-0.
Во 71. минута Ндиаје зголеми на 2-0, на домаќините веќе им беше полесно, а Шкендија како да се откажа.
Финишот му припадна на Мариус кој даде два гола, во 79. минута за 3-0 и во 92. минута ги постави конечните 4-0.
И покрај поразот, Шкендија може да биде горда на настапот во Европа бидејќи стана првата екипа од Македонија која минала групна фаза во европско натпреварување.






