понеделник, 2 март 2026

Шкендија со пресврт го победи Пелистер, Ибраими не дозволи изненадување (ВИДЕО)

Шкендија ја оправда улогата на фаворит и дојде до трите бода против Пелистер, но не беше едноставно, херој на тетовскиот тим беше Бесарт Ибраими кој ги постигна двата гола во победата од 2-1.

Објавено на

часот

Сподели

Пелистер поведе уште во седмата минута кога по еден корнер најдобро се снајде Спировски за водство од 1-0.

Предноста на битолчани траеше до 21. минута кога Ибраими со својот прв гол на мечот изедначи на 1-1.

Во 64. минута Ибраими даде уште еден гол, овојпат за победа од 2-1.

За Шкендија ова беше важен триумф пред дербито во четврток против Вардар кое се игра на теренот на ФФМ со почеток од 14 часот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by PrvaMFL (@prvamfl)

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ