вторник, 10 февруари 2026

Шкендија слави во дербито со Струга, Тиквеш броеше до шест против Шкупи

Се вратија возбудувањата од Првата македонска фудбалска лига, а уште на стартот се одигра едно големо дерби.

Објавено на

часот

Сподели

Екипата на Шкендија опстана во трката за титулата, откако ја победи Струга со 2-0 во дербито на 17. коло. Шампионот долго време се мачеше против второлпасираната екипа која добро се бранеше.

Откако не искористи неколку шанси претходно, отпорот беше скршен во завршницата. Себастијан Спахиу го отвори резултатот во 79. минута по асистенција од Трумчи (1-0), а точка на победата стави Фахд Нзенгуе во 88. со својот прв официјален гол за Шкендија.

Се одигра и пресметка во Кавадарци, каде што улогата на номинален домаќин поради проблемите со стадионот имаше Шкупи, а чаирчани беа декласирани од Тиквеш (0-6). Кавадарчани немаа големи потешкотии да го победат тимот полн со младинци, па со хет-трикот на Берат Садик и по гол на Стојкоски, Голубов и Тасев стигнаа до голема победа.

На табелата Струга е второпласирана со 41 бод, а Шкендија има 39. Екипата на Тиквеш е прва над опасната зона со 21 бод, додека Шкупи има само еден.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ