Денеска во Нион беше извршена ждрепката за првото коло во квалификациите во Лигата на шампиони, македонскиот првак се најде помеѓу неносителите и имаше среќа, за противник го доби ТНС од Велс.
Шкендија играше двомеч против ТНС во 2018, тогаш во Скопје славеше со убедливи 5-0, но неочекувано загуби во Велс со 4-0.
Првиот натпревар ќе се игра на 8/9 јули во Велс, додека пак реваншот е седум дена подоцна во Македонија.
Утре ќе биде извршена ждрепката за второто коло во квалификациите во Лигата на шампиони.