Шкендија пред седум години со убедливи 5-0 го совлада ТНС, но денеска „црвено-црните“ од Тетово добро се помачија против клубот од Велс.
Момците на Беќири дури по екстра 30 минути славеа со 2-1 и се пласираа во второто коло во квалификациите за Лигата на шампиони.
Тамба го отвори резултатот во 18. минута, но гостите преку Вилијамс се погрижија на пауза да заминат со 1-1.
Во вториот дел мрежите мируваа, па се играа продолженија на арената „Тодор Проески“ во Скопје, а таму, гостинскиот дефанзивец Боденам си ја затресе сопствената мрежа за победа на Шкендија од 2-1.
Шампионот на Македонија во второто коло ќе има сериозен противник во Стеауа од Романија.
ФОТО: fb/KF Shkëndija






