среда, 2 април 2025

Шкендија може да добие суспензија на теренот и до 12 натпревари

Поради нечовечкиот однос на навивачите на Шкендија кои за време на минута молк за жртвите од Кочани пееја песна за УЧК, тетовскиот клуб може да добие голема казна.

Објавено на

часот

Сподели

Според дисциплинскиот правилник, Шкендија може да биде казнета од 4 до 12 натпревари без присуство или суспензија на теренот, односно играње надвор од Тетово, како и парична казна од 5.000 евра.

На потег е дициплинската комисија на ФФМ која треба да ја изрече казната за Шкендија.

Во меѓувреме се очекува и официјална реакција од тетовскиот клуб за денешниот срамен гест на неговите навивачи.

До крајот на сезоната Шкеднија има четири натпревари на свој терен во ПМФЛ и еден меч од Купот на Македонија, а тоа може да значи дека сите овие дуели нема да ги одигра на свој терен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ