недела, 15 март 2026

Шкендија конечно го победи Арсими и одржа чекор со лидерот во ПМФЛ

Шкендија минимално го совлада Арсими со 1-0 и ја запиша првата победа против овој ривал во официјален натпревар во ПМФЛ.

Објавено на

часот

Сподели

Тетовци до трите бода стигнаа благодарение на Бесарт Ибраими, кој го постигна единствениот гол на средбата во 18. минута. Искусниот напаѓач од околу 20 метри испрати прецизен удар и го совлада голманот Ислами.

Домашниот тим имаше поголема контрола во текот на натпреварот и создаде уште неколку обиди. Арсими во текот на средбата не создаде посериозна шанса за израмнување.

Со оваа победа Шкендија останува во трката за врвот и има три бода помалку од лидерот Вардар. Арсими останува на осмото место со 26 бода.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ