среда, 8 април 2026

Шкендија ја прекина победничката серија на Работнички

Шкендија со убедливи 3-0 победи на гостувањето кај Работнички и запиша три многу важни бодови во трката за шампионската титула во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

Објавено на

часот

Сподели

Работнички во овој натпревар влезе со четири победи по ред, но актуелниот македонски шампион беше преголем залак за таквата позитивна низа да продолжи.

Тетовскиот тим по големиот кикс со Пелистер, денеска не дозволи нова фудбалска „шлаканица“, поведе уште во седмата минута со гол на Красниќи.

Половина час подоцна Тамба ја зголеми предноста на Шкендија на 2-0.

Во 71. минута Красниќи повторно стапи на сцена, постигна и втор гол на овој натпревар за конечни 3-0.

Шкендија се израмни со Вардар, но скопскиот тим има натпревар помалку, оној против Пелистер кој вечерва се игра во Битола.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ