четврток, 12 јуни 2025

Шкендија ја очекува тешка ждрепка во квалификациите од ЛШ, познати се можните противници

Шампионот на Македонија, екипата на Шкендија се наоѓа во групата на неносители, па ќе има тежок противник во 1. квалификациско коло од Лигата на шампионите.

Објавено на

часот

Сподели

Македонските екипи не можат да се пофалат со резултати на европска сцена, па поради тоа се во групата на неносители. Исто како и Вардар, Работнички и Силекс, така и Шкендија ќе биде влечена од шеширот каде што се послабите тимови.

Дел од можните противници на Шкендија се Лудогорец, Стеауа, Олимпија Љубљана, Малме…

Шкендија противникот ќе го дознае на 17. јуни за кога е закажана ждрепката во Нион. Првиот меч ќе го одигра на 8 или 9 јули, а реваншот на 15 или 16 јули.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ