Шкендија одигра одличен меч, тимот на ФЦСБ изгледаше очајно во текот на целиот натпревар. Македонскиот шампион пропушти и поубедливо да слави, но целта е исполнета.
Романците поведоа со гол на Чисоти во 28. минута, но само пет минути подоцна Љатифи даде гол за 1-1.
Во второто полувреме ФЦСБ јалово се обидуваше да го загрози голот на Шкендија, македонскиот тим беше поопасен.
Конечно во 87. минута Крстевски даде гол од далечина и донесе победа за Шкендија.
Шкендија во третото квалификациско коло ќе игра против Карабах. Ако загуби ќе се префрли во плејоф за место во лигата од Лига Европа, а ако и тој дуел го загуби ќе игра во лигашкиот дел од Конференциската лига.
Тетовскиот тим во најмала рака ќе ја наполни клупската каса за пет милиони евра.






