Од Шкендија соопштија дека ја испочитувале желбата на фудбалерот кој сакал да направи нов чекор во кариерата, а притоа до нив стигнала добра понуда од Русија која била прифатена.
Цаке во Шкендија пристигна во 2022 година од Струга, за тетовскиот тим настапи на 133 меча во изминатите години и се промовираше како еден од најдобрите играчи и на крајот дојде до играч со најголема вредност во тимот.
Шкендија оваа сезона може да се пофали со голема заработка, пред се поради настапот во Конференциската лига кој покрај паричната награда која веќе е шест милиони евра за тетовчани, донесе и промоција и зголемена цена на фудбалерите на македонскиот шампион.






