Шкендија со целиот плен си заминува од дербито против најголемиот ривал за титулата, Вардар. Тимот на Гоце Седлоски на последните два натпревари загуби пет бода. Трката за титулата станува неизвесна.
Вардар не одигра според очекувањата на своите навивачи, црвено-црните се обидуваа да создаваат шанси, но одбраната на Шкендија функционираше одлично.
Шкендија имаше повеќе чисти прилики, а голманот Давор Талески покрај примениот погодок имаше уште неколку одлични интервенции.
Клучниот момент се случи во 66. минута кога Љатифи постигна гол за водство на Шкендија од 1-0. Тоа на крајот се покажа и како конечен резултат.
По 21. коло Вардар останува прв со 52 бода, но сега има само бод повеќе од Шкендија која има 51, трета е Струга со 44.
Во следното коло Вардар има уште еден тежок натпревар, му гостува на Силекс, Шкендија е домаќин на Брера.
View this post on Instagram






