„Црвено-црните“ од Тетово запишаа голема победа, вечерва славеа против Слован Братислава во 5. коло во Конференциска лига.
Слован Братислава важеше за фаворит, но Шкендија се прикажа во одлично светло и на крајот заслужено дојде до триумф.
Домаќините поведоа во 33. минута, по еден корнер Бајриќ реагираше несмасно и ја затресе сопствената мрежа.
Во финишот на првиот дел, Шкендија ја дуплираше предноста, Вебстер продре по левата страна и му асистираше на Спахиу за 2-0.
Второто полувреме не донесе големи возбудувања, избраниците на Јеотн Беќири сигурно го контролираа темпото и рутински го привршија натпреварот.
Ова е втора победа за Шкендија во групната фаза, и со вкупно седум освоени бода, се наоѓа на 17. позиција. Во последното коло ја чека тешка задача и гостување кај АЕК Ларнака.






