За босанскиот тим настапија и македонските интернационалци Стефан Ристовски и Агон Елези, но тоа не беше доволно за да се избегне поразот. Сараево прво дојде до водство преку Бегановиќ, меѓутоа Шкендија брзо возврати и до паузата направи целосен пресврт со два погодоци на Бесарт Ибраими. Во вториот дел Спахиу ја зголеми предноста на тетовскиот тим, а конечните 2-3 беа поставени по автогол на фудбалерите на Шкендија.
До убедлива победа стигна екипата на Башкими која беше подобра од српскиот третолигаш Прва Искра со 5-2. Кумановци одиграа ефикасен натпревар и уште на стартот стекнаа солидна предност со головите на Манасиевски и Луис Рибеиро. Иако противникот двапати успеа да се доближи на еден гол разлика, Азер Козиќ со хет трик ја потврди победата на Башкими.
Екипата на Пелистер загуби од узбекистанскиот клуб Навбахор Наманган со 1-2. Во натпревар кој траеше 120 минути имаше голови само во првиот час игра, а за битолчани погоди Филип Петровиќ.
Победнички ритам фати и Брегалница Штип која во контролен натпревар славеше против Еуромилк Горно Лисиче со 2-1. Штипјани имаа водство и контрола на средбата, а третолигашот пружи солиден отпор, но на крајот бодовите останаа кај Брегалница.






