Двајцата млади фудбалери со желба за поголема минутажа сами побараа раскинување на договорите, а македонскиот првак прифати. Така, по взаемен договор Рамадани и Адеми го напуштаат тетовскиот тим оваа зима и ќе побараат нови средини.
Флорент Рамадани е играч од средниот ред кој оваа сезона запиша 21 настап за Шкендија главно како резервист, даде два гола и запиша една асистенција.
Од друга страна, Фитон Адеми игра во нападот, но во Тетово имаше слична улога. Досега настапи на 25 натпревари во сите конкуренција со учинок од по четири гола и асистенции.






