четврток, 29 мај 2025

Шкендија е нов шампион на Македонија

Шкендија го совлада Работнички со 2-1 и на две кола до крајот ја обезбеди титулата во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

Објавено на

часот

Сподели

Македонија има нов фудбалски шампион, тоа е екипата на Шкендија која денеска ги освои трите бода против Работнички што беше доволно за заверка на титулата.

Тетовци по двете ремија повторно се вратија на победнички колосек, а сè тргна во позитивен правец уште од самиот старт. Во петтата минута Латифи го отвори резултатот и така најави дека во Тетово денес ќе се слави.

Домашниот тим целосно ја контролираше играта, а по 30 минути Тамба погоди за 2:0 по една долга топка и тоа беше резултатот со кој се замина на паузата.

Во вториот дел темпото падна, а Работнички се врати во игра со погодок од пенал на Дејли во 62. минута, но тоа беше сè што гостите успеаја да направат. Шкендија без поголеми проблеми го одржа водството и стигна до својата петта титула во ПМФЛ.

Шкендија има четири бода повеќе од Силекс на две кола до крајот, но фактот што тетовскиот тим во следното коло требаше да игра со Гостивар и ќе ги добие трите бода службено со овој тим поради неговото откажување од лигата, ја прави бодовната разлика недостижна.

Во останатите натпревари, Брера со пресврт во последните моменти го совлада Шкупи со 4-3, додека Тиквеш запиша минимална, но исклучително важна победа над Беса (1:0) во битката за опстанок.

ТАБЕЛА: Шкендија 67, Силекс 63, Работнички 56, Струга 49, Гостивар 39, Вардар 39, Пелистер 38, Шкупи 37, Тиквеш 32, Брера 27, Беса 27, Воска Спорт 13.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ