Шкендија Арачиново атакува на влез во Првата лига, па поразот од конкурентот Скопје го сфатија како удар за нивните амбиции и клубот реши да направи промена.
„Шкендија сака да соопшти дека со взаемен договор е раскината соработката со тренерот Љупчо Марковски – Калц. Нашиот клуб му се заблагодарува на Марковски за неговата посветеност, професионализам и допринос за време на неговиот период во кој беше дел од клубот. Му посакуваме многу успех во спортската и професионална кариера“, се вели во соопштението на Шкендија Арачиново.






