Канаѓанецот вечерва влезе во историјата на НБА откако постигна и 127. пат по ред постигна најмалку 20 поени, соборувајќи го со тоа 63 години стариот рекорд на Вилт Чемберлен. Гилџес Александер постигна 35 поени во драматичната победа од 104-102 над Бостон и победи во меѓусебниот дуел со инспирираниот Џејлен Браун.
Дури ни Мајкл Џордан (69 натпревари по ред со 20 или повеќе поени), Карим Абдул-Џабар (70), Оскар Робертсон (79), Кевин Дурант (72) не можеа да го направат ова што му успеа на актуелниот МВП.
Лука Дончиќ е најзаслужен за четвртата победа по ред на Лејкерс, овојпат против Чикаго со 142-130. Словенечкиот кошаркар постигна 51, а му недостасуваше една асистенција за трипл дабл (10 скока, 9 додавања). Ефектот против Булс беше рекорд на Дончиќ во дресот на Лејкерс и со него дополнително се доближи до титулата најдобар стрелец во НБА оваа сезона.
Трипл-дабл направи Никола Јокиќ кој со Денвер славеше на гостувањето кај Сан Антонио со 136-131. Србинот постигна 31 поен, имаше дури 20 скокови и 12 асистенции. Поефикасен од него беше Џемал Мареј со 39 поени. Кај Сан Антонио најдобар беше Кастл со 30 поени, 11 скокови и 10 асистенции.
Резултати:
Детроит – Филаделфија 131-109
Индијана – Феникс 108-123
Орландо – Вашингтон 136-131
Атланта – Бруклин 108-97
Мајами – Милвоки 112-105
Мемфис – Далас 112-120
Сан Антонио – Денвер 131-136
Оклахома – Бостон 104-102
ЛА Лејкерс – Ликаго 142-130






