петок, 25 април 2025
Продолжуваат малерите за возачот на Априлија

Шампионот се врати во Катар и веднаш заврши во болница, Мартин скршил дури 11 ребра (ВИДЕО)

Продолжуваат малерите на Хорхе Мартин, актуелниот шампион во Мото ГП се врати на трката во Катар изминатиов викенд, но веднаш заврши во болница со дури 11 скршени ребра.

Објавено на

часот

Сподели

Популарниот „Мартинатор“ доживеа голем пех на подготовките за новата сезона, имаше страшен пад во Сепанг кога „летна“ преку моторот и со глава удри во асфалтот.

Потоа следуваа нови проблеми, непосредно пред првата трка, падна и се повреди на еден картинг настан во Љеида.

Актуелниот шампион конечно се врати на патеката изминатиов викенд во Катар, но малерите продолжија и тој веднаш заврши во болница.

На опашката од колоната, Хорхе Мартин се бореше со Фаби Ди Џанантонио за 17. место кога загуби контрола над својот мотор и заврши на асфалтот.

Првичните прегледи открија пневмоторакс (влегол воздух помеѓу белите дробови и ѕидот на градниот кош) па докторите морале да извршат дренажа на градниот кош.

Во прв момент беше објавено дека Хорхе Мартин скршил 6 ребра, но утрово беше обелоденето дека возачот на Априлија скршил дури 11 ребра и ќе мора да биде задржан во болница.

Позитивна работа е тоа што нема повреда на мозокот, рбетот и органите во абдоменот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ