петок, 9 јануари 2026

Шампионот потпиша со еден од најдобрите стрелци во ПМФЛ

Шкендија се пофали со второто засилување во зимскиот преоден рок.

Објавено на

часот

Сподели

Нов член на тетовскиот прволигаш е Фахд Нзенгуе кој претходната година настапуваше за Брера Струмица. Сепак, Габонецот се раздели со овој клуб и сега потпиша со шампионот на Македонија.

Нзенгуе е меѓу најдобрите стрелци во ПМФЛ оваа сезона, бидејќи на 16 натпревари даде осум гола за Брера.

Во минатото габонскиот напаѓач настапуваше за словенечките Табор Сежана и Приморје по доаѓањето во Европа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ