среда, 14 јануари 2026

Шампионот ги запали моторите, првиот тренинг со половина тим и без Алушовски

Актуелниот ракометен шампион на Македонија, тимот на Пелистер ги почна подготовките за вториот дел од сезоната, на првиот повик недостасуваа девет ракометари, а го немаше ниту новиот тренер, Стевче Алушовски.

Објавено на

часот

Сподели

Ракометарите кои недостасуваат се оние кои ќе играат на Европското првенство во Скандинавија.

А денеска го немаше ниту новиот тренер Стевче Алушовски кои деновиве се очекува да се врати од приватен одмор и го преземе тимот.

Денешниот тренинг го водеше неогивот асистент Алексо Лембанов.

Во текот на месец јануари Пелистер ќе се подготвува во Битола и ќе одигра неколку тест натпревари.

Првиот официјален меч од новата сезона Пелистер го игра на 7 февруари против својот втор тим Пелистер 2. Во Лигата на шампионите продолжуваат на 19 февруари кога во Битола ќе ја пречекаат екипата на Висла Плоцк.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ